Во текот на вчерашниот ден во периодот од 06 до 10 часот на подрачјето на СВР Охрид биле спроведени зајакнати сообраќајни акциски контроли.

Притоа, полициските службеници санкционирале 12 возачи на моторни возила кои во населено место управувале автомобил со брзина поголема од дозволената (Охрид – еден, Струга – шест, Кичево – три, Дебар – два) и пет возачи кои надвор од населено место управувале возило со поголема брзина од пропишаната (Охрид – четири, Дебар – еден). Полициските службеници во Охрид поднесоа и соодветни платни налози на четири возачи на моторни возила кои ивршиле непрописно престигнување – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.