Вчера околу 14 часот во Тетово, на земјениот пат од с. Фалише кон с. Сараќино, во паркирано патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.М. (27) од Тетово, биле пронајдени околу 12 килограми марихуана.
Во 17.10 часот бил пронајден и сопственикот на возилото, Г.М. (27) и заедно со неговиот татко Н.М. (53) биле приведени во СВР Тетово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.