На 09.05.2021 во 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија Велес ги лишиле од слобода Г.Ц.(33) и О.Н.(35) од Битола.

При преглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц., каде како сопатник бил О.Н., пронајден е и одземен хероин. За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.