Во градската болница „8 Септември“ се хоспитализирани 35 лица од кои 2 се донесени мртви, а три се на интензивна нега во и се борат за живот, но се во тешка состојба, потврдуваат д-р Кристијан Костов, директор на ГОБ „8 Сепптември“. Во меѓувреме двајца им подлегнале на повредите, а еден се бори за живот

На Ургентниот центар се донесени 5 мина патници, од кои дел се со многу тешки повреди, информираше директорот на Клиниката за трауматологија, Илир Хасани. 

Mеѓу повредените има и лица со потешки повреди, а на месото несреќата има десетина амбулантни возила.

Полицијата се уште не ги потврдува информациите за точната бројка на настрадани, но се шпекулира дека има и жртви и тешко повредени, меѓу кои и трудница.

Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.