Најмалку две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вечерва се случи на булеварот „Јане Сандански“ кај маркетот „Веро“ во скопската населба Аеродром, а во која на лице место загина младо момче.
До несреќата дошло при судир на мотор и „ауди“, а повредените патничкото возило се итно пренесени во скопските клиники.
Според првичните информации, незгодата се случила поради непочитување на сообраќајните правила.
Сообракајот по булеварот е целосно запрен и во тек е полициски увид, по што ќе се знаат повеќе официјални детали од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.