Сообраќајна незгода се случи вчеравечер, во 19:55 часот на местото викано „Прибилечки кривини“, атар на с.Прибилци. Незгодата се случи помеѓу патничко моторно возило „југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од с.Сладуево и патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(41) од с.Вирово – Демир Хисар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и неговиот сопатник М.С.(27), по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Демир Хисар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.