Двајца пешаци се тешко повредени во одделни сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Во СВР Тетово вчера во 17:50 часот било пријавено на регионалниот пат Тетово-Скопје, во с.Групчин, патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(69) од тетовска Палатица, удрило во пешакот М.С.(71). Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Вчера во 12:05 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Арон Ароести“ и ул.„8 Септември“ во Битола, товарно возило „пежо експерт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(35) од Битола удрило во пешак Д.Д.(66) од Битола. Во несреќата, Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.