Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка.
Во несреќата загинале двајца млади скопјани.
Станува збор за М.Б (30 години) и Д.Б. (27 години), кои се враќале кон својата татковина, односно кон Македонија, објави „ТВ21“.
Според чешките медиуми, автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место – изјавила портпаролката на полицијата, Вероника Хиплерова.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.