Во текот на вчерашниот ден двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитиници.
Вчера околку пладне во Полициската станица Чаир, И.У. (29) од Скопје пријавил дека истиот ден на улица „Александар Урдаревски“, општина Шуто Оризари бил каснат од куче скитник во пределот на раката.
Вчераутро во Полициската станица Аеродром, Р.С. (39) од Скопје пријавил дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.