Во текот на вчерашниот ден, две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници во општина Аеродром.

Околку 15.30 часот во Полициската станица Аеродром, П.Т. (74) од Скопје пријавил дека на булевар „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Синоќа пак во Полициската станица Аеродром, В.Т. (69) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21 часот на улица “Васко Карангелески“, општина Аеродром, бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.