Во текот на вчерашниот ден, двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитиници во главниот град.
Вчера претпладне во Полициската станица Центар, Р.И. (35) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Синоќа пак во Полициската станица Аеродром, Б.Ј. (61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 1 часот на Кеј на реката Вардар бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.