Двајца скопјани се тешко повредени откако со „Рено клио“ излетале од патот на делницата Прилеп – Македонски Брод.

На 21.10.2020 во 08:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(66) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот С.Т.(74) од Скопје, констатирани од Градската општа болница Прилеп – информираат од МВР.

На местото на незгодата е извршен увид од увидна екипа од Полициска станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.