Две лица се повредени на работните места изминатите неколку дена. Во привуот случај, Д.Ц.(44) од Чучер Сандево, скопско, пријавил дека во петокот околу 12.00 часот неговиот син Ѓ.Ц.(20)  се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во приватна фирма со градежна машина во рудник во с.Бразда. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера, пак, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Н.Т.(58) од Скопје, со тешки телесни повреди, со кои се здобил при работа во фирма на подрачјето на Гази Баба. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.