Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 11 часот на магистралниот пат с.Подмоље-Ќафасан.

Како што соопшти МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Ц.(21) од с.Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од Ф.Б.(32) од с.Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, Ф.Б.(49) од с.Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило И.Б.(53), од с.Заграчани, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.