Две лица се повредени во судар на патнички возила што попладнево околу 18.30 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Ботун.

Како што информираат од СВР Охрид, повредените се надвор од животна опасност.

На местото на настанот извршен е увид, а поради несреќата извесно време сообраќајот на оваа делница се одвиваше отежнато, со наизменично пропуштање на возилата во двата правци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.