Две лица се повредени откако вчера во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево Е.А.(41) од с.Лабуништа, струшко, управувајќи патничко возило „БМВ“, со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил совозачот С.Н.(30) од с.Лабуништа, по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.