Две лица се полесно повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Тетово-Скопје.
Сообраќајната незгода се случила на автопатот на неколку километри од наплатната рампа Желино, а во која учествувале две патнички возила „голф“ со скопски регистерски ознаки и „мерцедес“ со регистрации од Германија. При судирот се повредени две лица, сопатничка во „голфот“ и сопатник во „мерцедесот“. Повредените лица се однесени во Клиничката болница во Тетово и по укажанаа лекарска помош се пуштени на домашно лекување – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На местото на сообраќајната незгода е извршен увид од страна на полициски службеници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.