При обид да биде сопрено, патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кај клучка Тремник во близина на Неготино удрило во двајца полициски службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници, ноќеска 25 минути по полноќ, се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранди. Од МВР додаваат дека откако возилото не застанало на дадениот знак, удрило во двајца полициски службеници, при што тие се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им се констатирани телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од полициска станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.