Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.А.(27) и А.Х.(20), двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, на 22 декември 2021 година по преземени мерки и активности на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, Кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти. Од нив 21 лице било од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција. Меѓу лицата три се малолетни.
При преземањето мерки било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско-грчката граница.
Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека останатите лица се сместени во Прифатен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.