Одделението за внатрешна контрола – Струга поднело кривична пријава против двајца охриѓани за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

СВР Охрид соопшти дека И.П.(31) и Л.У.(30) од Охрид биле затекнати во такси возило на регионалниот пат Охрид – Струга во полициски час, без соодветна дозвола за движење.

При контрола извршена на 13 март годинава, 3:30 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници ги затекнале И.П. и Л.У. во такси патничко возило без да поседуваат дозвола за движење во време на полициски час. Со тоа, пријавените постапиле спротивно на одлуката за забрана на движење на населението во времето од 22 до 05 часот со цел заштита на населението од Ковид-19 – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.