Полицијата вчера привела две малолетни лица од Скопје, поради тоа што извршиле тешка кражба во продажен објект во трговски центар.

Малолетниците биле приведени вчера во 14 часот од полициски службеници од Полициската станица Карпош. Украдените предмети им биле одземени и вратени на сопственикот.

Од Министерството за внатрешни работи најавија дека по целосно документирање на случајот, против малолетниците ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.