Синоќа околу 21 часот, пријавено е дека во кафе бар на улица „3-та Македонска ударна Бригада“ во Куманово, по вербална расправија, А.А.(32) и Ш.Ј. (20), двајцата од Куманово, физички го нападнале Б.И. (32) од Куманово.
Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го прободел А.А. во пределот на стомакот.
А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И. кој се здобил со тешки телесни повреди.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.