За време на претрес на двајца Камерунци, на скопскиот аеродром биле запленети речиси еден милион фалсификувани евра.

Како што соопштија од полицијата, фалсификуваните банкноти од 50, 100, 200 и 500 евра биле пронајдени при контрола на багаж.

Од полицијата велат дека фалсификатите биле изработени со професионална опрема и дека Камерунците планирале да го зголемат количеството на фалсификувани банкноти во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.