Службеници од Полициската станица Центар вчера ги привеле Н.А. (57) и З.Ј. (52), и двајцата од Скопје, непосредно по извршеното кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ на скопскиот Плоштад „Филип Втори“.

Од МВР информираа дека тие од С.Б. (20) од Скопје одзеле пари.

Лицата биле приведени во полициска станица, а парите се одземени и вратени на сопственикот. По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.