Косовка допатувала од Шведска на Скопскиот аеродром, но за Косово заминала полесна за 3000 евра. Ошеттената жена пристигнала во Скопје вчера, на 8 февруари 2019 година во 12.45 часот со лет од Стокхолм. Откако го преминала ГП „Меѓународен аеродром Скопје“ четириесет и седумгодишната A.B.P.E. од Глоговац, забележала дека по пасошката и царинската контрола ѝ недостасуваат 3000 евра во багажот. Таа пријавила на вработен во безбедност на ТАВ.

На полициските службеници и на лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа A.В.Р.Е. им кажала дека додека цариниците вршеле контрола врз нејзиниот багаж, двајца царински службеници ѝ земале 3.000 евра.

Надлежните органи работат на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.