Синоќа околу 23.30 часот во Полициското одделение Галате, П.Х. од Република Албанија пријавил дека во куќа во која престојувале привремено во село Неготино настанала физичка пресметка помеѓу А.Х. (29) и Ф.П. (46), двајцата од Република Албанија.
Според пријавеното, А.Х. го турнал Ф.П. кој паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, по што бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото. А.Х. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.