Момче на 21-годишна возраст, рано утринава со нож ја нападнал својата една година помлада познаничка.
Напаѓачот е уапсен, а полицијата ги истражува околностите за нападот.
На 27.08.2021 околу 02.00 часот, полициски службеници од полициската станица Центар го лишиле од слобода О.А.(21) од Скопје затоа што околу 01.10 часот се обидел со остар предмет да ја нападне И.Р.(20) од Скопје, со која се знаеле од претходно. Кај него бил пронајден и одземен нож на расклопување, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.