Дваесет и три лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 29 сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, осум пред да се стекнат со дозвола за управување моторно возило и пет нерегистрирани моторни возила.

Со специјалното возило пајак подигнати се 124 возила.

Казнети се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.