Синоќа околу 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Цветан Димов“, општина Чаир, патничко моторно возило “Ауди А-5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (26) од Скопје, удрило во Б.К. (50) и Н.К. (43), двајцата од Скопје.
Б.К. и Н.К. се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.