Дваесетгодишник од Делчево без дозвола плаќал преку интернет со дебитна картичка на негов сограѓанин.
Како што информираат од МВР, поднесена е кривична пријава против М. Ц. (20) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.
На 19.10.2020 пријавениот во три наврати неовластено, од дебитната картичка на Р. Ѓ. од Делчево, извршил плаќање преку интернет, при што предизвикал материјална штета – соопштија од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.