Во два наврати вчера во полиција биле пријавени напади од син кон татко. Првиот случај е во Велес, каде во двор од семејна куќа на ул.„Благоја Страчковски“, синот Д.Р.(31) по претходна расправија со тврд предмет физички го нападнал својот татко С.Р.(64). Како што соопштува МВР, Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчеравечер, пак, во полициската станица во Струга, Н.М.(31) од САД бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’.

Истиот ден околу 18 часот, Н.М., кој имал здравствени проблеми, насилно влегол во семејната куќа на ул.„Струшки Кепенци“ и му упатувал закани по животот на неговиот татко М.С.(50) од Струга.

По целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.