Вчера во Полициската станица Драчево, Т.Ѓ. (75) од Скопје пријавил дека завчера во периодот од 18.30 до 23.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.
Сторителот со употреба на сила влегол во куќата и одзел пиштол „ЦЗ-99“ калибар 9мм, пиштол „ТТ М-57“ калибар 7,62мм со една рамка и златен накит.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.