Два физички напада во Кавадарци се пријавени во полиција, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Во првиот случај, кавадарчанката С.В. (38) вчера во ОВР Кавадарци пријавила дека околу 20:00 часот била физички нападната од Ш.Ј. од Кавадарци.
Рано утрово пак, во 00.10 часот во ОВР Кавадарци, кавадарчанецот А.О.(25) пријавил дека во градот бил физички нападнат од Ф.В.(25) – соопшти Додевски.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.