Поради миграција на одредени системи вчера и денеска во претпладневните часови се појавија краткотрајни прекини на функционирањето на системите за лични документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, службите задолжени за одржување на системот работат на откривање и решавање на дефектот што предизвикува прекин во системот.

Граѓаните на социјлните мрежи веќе алармираа дека не можат да ги завршат обврските, особено во делот за регистрација на возилата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.