Дури 20 дена по исчезнувањето Марија Брзакова од струмичкото село Босилово се најде на листата на исчезнати лица на веб страницата на Министерството за внатрешни работи.

Каде отишла младата мајка, засега никој не знае. Засега само се знае дека таа утрото кога излегла од својот дом, Марија била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг. Марија е по потекло од соседното село Турново. Таа е мајка на четиригодишна ќеркичка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.