Скопјанка пријавила во полиција дека во нејзиниот двор, маж и се заканувал со нож, а го нападнал и нејзиниот малолетен син.

Вчера вечер во 20 часот и 40 минути во СВР Скопје, Г.М.(46) од село Волково, скопско, пријавила дека околу 17 часот и 15 минути во село Волково, во двор од нивната семејна куќа, со нож им биле упатувани закани кон неа и нејзините двајца синови, Л.М.(18) и 17-годишен малолетник, по што малолетникот бил физички нападнат од едно лице кое било заедно со Р.С. од село Волково.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.