Вистинска драма се случува утрово во близина на трговскиот центар „Мавровка“, каде маж се заканува дека ќе скокне од зграда. Репортерите на „Коха“ од местото на настанот известуваат дека скопјанецот поради развод од сопругата се качил на кров од зграда кај споменикот Скендербег и се заканува дека ќе скокне.
Екипи на полицијата, пожарна и Брза помош се на местото на настанот. „Коха“ го пренесува настанот во живо на „Фејсбук“, а во моментот повеќе од 600 лица го следат текот на настаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.