Утрово се случила вистинска драма во струмичката општа болница. Група струмичани украле мртовец од инфективна амбуланта, објави ТВ ВИС.

Настанот се случил за кусо време откако човекот бил примен во амбулантата во тешка состојба. Утрото околу 9 часот ќерката и сопругата на починатиот го донеле 49 годишен маж со отежнато дишење. Според директорот на болницата, Наќе Гогов, човекот за кусо време починал. Само неколку минути подоцна, вработените биле сведоци на несекојдневна случка.

Дваесетина луѓе го изнеле мртовецот со болничкиот кревет и го однеле со сопствено комби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.