Лице кое утринава било спроведено до Кривичниот суд успеало да ѝ избега на затворската полиција, објави „Курир“.

Од Министерството за правда за „Курир“ потврдиле дека утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.

Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.