Припадници на царинските мобилни тимови спречија обид за нелегален влез во државата на лице без документи за идентификација.

На граничниот премин Блаце, за влез во државата се пријавил македонски автомобил управуван од македонски државјанин, кој одбивал да одговори на прашањата на царинските службеници и не дозволувал да се изврши контрола на возилото.

Со асистенција на полициските службеници од граничниот премин, била извршена контрола на возилото, при што во багажникот била пронајдена девојка на возраст од околу 20 години без документи за лична идентификација.

Случајот е предаден на полициските службеници за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.