Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор.

Според МВР, при последната проверка на полицијата во текот на вчерашниот ден, било утврдено дека тој не е дома. Поради непочитување на мерката на судот, веднаш биле известени надлежните институции и се трага по бегалецот.

На Белски судот му одредил мерка куќен притвор и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверка изврешна вчера е констатирано дека лицето не е дома, односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш се превемени мерки и активности за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.

Драганчо Стојменов по три месеци во бегство, во април годинава им се предаде на органите на прогонот по случајот со пукањето во Драган Здравев во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани и неговото ранување. Стоименов во јануари стрелаше и го рани 33-годишниот Драган Здравев – Дач, во кафеана во Кочани.

Јавноста го знае од случајот „Детонатор“ и промената на 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.