Државниот пазарен инспекторат во прдружба на полицијата извршиле контроли во 229 угостителски објекти по законски пропишаните прописи за работното време на истите до 18 часот.

Во рамки на обиколката, било констатирано дека еден објект не ги почитува мерките, односно во објект на бул.„Јане Сандански“, кој претходно бил затворен со пломба, биле затекнати А.Д. и И.Г. од Скопје, М.Т. од Нов Дојран и Д.Т. од с.Самоков, Македонски Брод. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром поради сомнение дека извршиле кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“, предвидено и казниво по член 398 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.