Дваесетгодишник од Тетово е приведен откако при претрес на неговиот дом утринава, полицајци му нашле кокаин и марихуана. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени му се 5 пакувања кокаин, 1 пакување марихуана и 1 дигитална вага.
Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 9 часот и 30 минути до 10 часот и 30 минути извршиле претрес во домот и помошните простории на 20-годишниот тетовец Ф.М. на улица „146“ во Тетово. Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово – информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци“ и прекурсори“, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.