Полицијата во Велес на 26 јануари го уапсила 41-годишниот велешанец Љ.Т. поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашеста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари – информираат од МВР.
Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.