Полицијата, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера ги уапсила Б.С. (29) и М.М. (26), двајцата од Скопје.
Како што соопшти МВР, при извршени претреси во домовите и други простории кај двете лица, биле пронајдени и одземени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и парични средства.
Б.С. и М.М. се приведени во полициска станица и против нив до Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.