Дваесет и едногодишен скопјанец е приведен под сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница на улица „Финска“.

Скопјанецот е приведен вчера во 21:10 часот, а Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за Н.Ј.

Со наредба од Основниот кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом, при што бил пронајден пиштол „Екол и Волтран Туна“ со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.