Долго време молчевме, сега решивме да проговориме, казната од 19 години затвор за нашата ќерка Ангела е превисока, велат пред камерата на „Алфа“ родителите на осудената Ангела Ѓорѓиевска, која според пресудата му помагала на убиецот на Пино Секондо.

Според нив немало докази дека Ангела е виновна за тоа што е осудена, велат ќе ја обжалат пресудата на Апелација.

Мајката вели дека не е вештачен телефонот на нејзината ќерка, како и дека имало уште многу работи да се истражуваат пред да се донесе пресудата за 19-годишна затворска казна. Вели верува во правда во Македонија, но правдата била селективна.

Мајката на починатиот Пино пак, е незадоволна од пресудата. Во интервју за медиумите вели дека ако има правда, за Ангела требало да има доживотен затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.