Возрасна лекарка, сопственик на приватна ординација во скопската населба Чаир, е пријавена во четвртокот за напад врз жена, нејзина пациентка.
Како што соопштува МВР, вчера во 14:00 час во СВР Скопје, 49-годишната Л.Ј.од Скопје пријавила дека околу 14:00 часот во здравствена установа во трговски центар на улицата „Цветан Димов“ во Скопје била физички нападната од 63-годишна Б.З. од Скопје, сопственичка на установата.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.