На 29.12.2021 околу 20.00 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Житоше, прилепско, А.П.(25) од с.Житоше, додека го чистел пиштолот на неговиот татко „М-57“ калибар 7,62 мм, испукал еден куршум и се здобил со повредa на ногата.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.