СВР Охрид поднесе десет кривични пријави против лица од повеќе места од земјава осомничени за кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Додека биле сместени во карантин во хотел, пријавените во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници, соопшти МВР во полицискиот билтен.

Пријави се поднесени против тројца жители од општина Липково – С.Љ.(25) од село Матејче, В.Н.(39) од село Липково и А.Х.(27) од село Отља, против четворица од Скопје – Ж.Б.(28), Ф.Р.(40), Р.Љ.(40) од Арачиново и Ш.А.(45) од Чаир, против С.М.(52) од струшкото село Смешница, Ф.Б.(39) од Тетово, Н.А.(38) од Крушево и М.С.(61) од кичевското село Осој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.